Каратистите на Фунакоши Гичин 6-то пласирани во конкуренција 206 клуба на престижниот турнир во Хрватска

Каратистите на Фунакоши Гичин од Скопје изминатиот викенд го освоија 6-то место на меѓународниот Кроација Опен турнир одржан во Самобор, Хрватска, кој воедно е и еден од најквалитетните карате турнири во средна Европа.

Експедицијата на карате клубот Фунакоши Гичин, која броеше 14 члена, освои 3 златни, 1 сребрен и 3 бронзени медали во конкуренција на 1700 натпреварувачи од 206 клубови од 23 држави, како и националните репрезентации на Италија, БиХ, Хрватска, Србија и Црна Гора. Воедно, со ваквото остварување карате клубот Фунакоши Гичин е најдобро пласиран македонски тим во конкуренција на клубовите претставници од нашата земја.