Каратистите на Фунакоши Гичин доминантни на Државното првенство

Во организација на Карате федерацијата на Македонија на 10-ти и 11-ти мај во Кавадарци се одржа награден турнир за деца и државно првенство за каратисти на возраст од 11 до 14 години. Учество земаа 46 клуба со 600 каратисти во двата дена. Карате клубот Фунакоши Гичин од Скопје е најуспешен клуб со освоени 9 златни, 1 сребрен и 2 бронзени медали.

Во конкуренција на наградниот карате турнир за деца од КК Фунакоши Гичин забележителни резултати остварија:

1. Марија Бунтеска 1 место родена 2006 година
2. Андреј Пешков 1 место роден 2005 година
3. Јована Манчевска 1 место 2004 година
4. ката тим 2004/2006 1 место

На државно првенство за деца од 11 до 14 години каратистите на КК Фунакоши Гичин забележаа висок пласман, благодарение на кои обезбедија и пласман на Балканското првенство во Истанбул, Турција како претставници на нашата земја:

1. Кристијан Бајовски – 2003 година (кати) 1 место
2. Каролина Јанчовска 2003 година (кати) 1место
3. Ката тим 2002/2003 1 место
4. Мартин Стефановски 2002 година (кумите -35) 1 место
5. Бојан Манчевски 2002 година (кумите -50) 1 место
6. Дарко Денковски 2000 година (кумите -70) 2 место
7. Марко Бунтески 2002 година (ката) 3 место
8. Александар Спасовски (ката) 3 место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.