Каратистите со сребрени и бронзени медали на Медитеранското првенство

На 13 и 14 септември 2014 година, во Бар, Црна Гора се одржа Медитеранско првенство за сениори. На натпреварот учество земаа 182 натпреварувачи од 12 држави: Македонија, Италија, Хрватска, Франција, Египет, Турција, Србија, Босна, Црна Гора, Мароко, Кипар и Албанија.

Македонските репрезентативци ги постигнаа следните резултати:

Сребрени медали:

1. Берат Јакупи, кумите индивидуално – 84 кг.
2. Иво Цветковски, кумите индивидуално – 75 кг.
3. Ката тим во состав: Пулексенија Јованоска, Маријана Димоска и Мишела Димоска.

Бронзени медали:

1. Наташа Стефановска, кумите индивидуално -61 кг.
2. Моника Стефановска, кумите индивидуално -68 кг.