Македонија

Караванот „Купи куќа, купи стан“ во Тетово

Караванот „Купи куќа, купи стан“ во Тетово

Караванот „Купи куќа, купи стан“ денеска продолжува во Тетово.

Претставници од Министерството за финансии денеска во Домот на АРМ во Тетово ќе одржат презентација на проектот „Купи куќа, купи стан“ на која ќе објаснат колкави субвенции може да добијат граѓаните при купување стан.

Караванот „Купи куќа, купи стан“ во Тетово
Караванот „Купи куќа, купи стан“ во Тетово

На презентацијата ќе учествуваат и градежни компании со понуда на станови, како и претставници од банките кои ќе стојат на располагање за сите прашања на граѓаните.

Караванот „Купи куќа, купи стан“ е со цел приближување на проектот до секој граѓанин кој има потреба од него.