Почнува вториот караван Саеми за вработување низ Македонија

Во организација на Агенцијата за Вработување на Република Македонија започнува вториот по ред караван на Саеми за Вработување низ државата.

Во рамки на овој Караван на сите граѓани ќе им биде овозможена шанса преку модерен и интерактивен пристап да стапат во контакт со многубројни и можни идни работодавачи. Првата дестинација на овој нов караван на Саеми за вработување е градот Прилеп.

На свеченото отварање на новиот караван за саемите за вработување, свое обраќање ќе имаат Влатко Поповски, директорот на Агенција за Вработување на Република Македонија и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, а во состав на овој прв саем свои излагања и презентации ќе имаат и дел од компаниите учеснички.

Саемот за Вработување 2015 во Прилеп ќе се оддржи утре, среда, со почеток во 11:00 часот и ќе биде отворен за посетители сè до 14:00 часот.

Место на одржување на овој саем е Домот на култура „Марко Цепенков” во Прилеп.