Караванот „Купи куќа, купи стан” денес во Штип

Караванот „Купи куќа, купи стан” денес е во Штип. Сите заинтересирани за проектот можат да ја посетат презентацијата на проектот, која ќе ја одржи Министерството за финансии во зградата на Општината во 17:30 часот.

На презентацијата ќе учествуваат и градежни фирми од Штип кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.

Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, како Охрид, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово и Тетово.

Продолжува Караванот „Купи куќа, купи стан“

Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија.

Продолжува Караванот „Купи куќа, купи стан“
Продолжува Караванот „Купи куќа, купи стан“

Целта ќе ни биде да одиме во оние места каде претходно не сме поминале, а тоа се пред се Тетово, Струмица, Куманово, Велес и неколку други градови, но ќе ги посетиме по вторпат и Охрид, Прилеп и други места каде постоеше добар интерес за проектот. Целта на проектот е да се доближиме до граѓаните во внатрешноста на државата и да им овозможиме на едно место да ги добијат сите информации, изјави во четвртокот вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Со проектот „Купи куќа, купи стан“ досега 630 семејства го решиле станбеното прашање

Со проектот „Купи куќа, купи стан“ досега 630 семејства ги имаат искористено можностите што им се нудат и го имаат решено станбеното прашање. Главно, односно 70 проценти се од Скопје, но интерес има и во внатрешноста на државата. Така, на пример во Битола 39 семејства преку проектот „Купи куќа, купи стан“ го решиле станбеното прашање, во Струмица 34 семејства, во Куманово 28 …

Ставрески: Со проектот „Купи куќа, купи стан“ досега 630 семејства го имаат решено станбеното прашање.
Ставрески: Со проектот „Купи куќа, купи стан“ досега 630 семејства го имаат решено станбеното прашање.

Проектот „Купи куќа, купи стан“ е наменет за граѓаните кои имаат приходи, но тие не им се доволни во првите неколку години за да ја отплаќаат ратата за стан или да платат учество за добивање кредит за изградба на куќа. Во тој дел помагаме со субвенции. На пример, ако граѓанинот сака да купи стан и аплицира во банка за кредит од 30 илјади евра, тогаш месечната рата би била околу 184 евра, а со проектот „Купи куќа, купи стан“ 92 евра ќе плаќа државата, а 92 евра граѓанинот, појасни вицепремиерот Ставрески.

Министерот додаде дека субвенциите за куќа се поголеми, односно ако некој сака да гради куќа тогаш може да добие од 10 до 15 илјади евра поддршка од државата.

Проектот „Купи куќа, купи стан“ е владин проект кој се спроведува преку Министерството за финансии.

Граѓаните кои немаат друг имот на свое име и чии месечни приходи не надминуваат 900 евра, можат да аплицираат за два вида субвенциониран станбен кредит за купување или доградба на куќа или за купување стан.