Караванот Купи куќа, купи стан утре во Тетово

Караванот Купи куќа, купи стан утре ќе биде во Тетово каде ќе бидат презентирани можностите што им ги нуди државата на граѓаните за решавање на станбеното прашање.

Претставници на Министерството за финансии ќе им објаснат на граѓаните колкави субвенции може да добијат при купување на нов дом, кој може да аплицира и каков е процесот на аплицирање.

На презентацијата ќе учествуваат и градежни компании со понуда на станови, како и претставници од банките кои ќе стојат на располагање за сите прашања на граѓаните.

Караванот Купи куќа, купи стан држи презентации во градовите низ цела Македонија со цел да го приближи проектот до секој граѓанин кој има потреба од него.