Караванот „Купи куќа купи стан“ во Прилеп

Караванот „Купи куќа, купи стан” продолжува и денеска, во Прилеп. Сите заинтересирани за проектот можат да дојдат на презентацијата која ќе ја одржи Министерството за финансии во зградата на Општината во 17 часот.

На презентацијата ќе учествуваат и градежни фирми од Прилеп кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.

Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија.

Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, како Струмица, Велес, Куманово и Тетово.