Караванот „Купи куќа за млади“ утре во Охрид и Струга

Утре во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржат презентации во Охрид и Струга.

Презентациите се со почеток од 17 часот. Во Охрид ќе се одржи во зградата на Општината, а во Струга, во хотел „Солферино“.

Караванот е планирано да одржи презентации во вкупно 30 општини. Следните презентации се во Битола, Демир Хисар, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш Прилеп, Крушево, Македонски брод, Берово и Дебар.