Караванот „Купи куќа за млади“ утре во Радовиш

Во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ утре ќе се одржи презентација во Радовиш.

Презентацијата ќе биде во Општината во 17 часот. Сите заинтересирани граѓани ќе можат да се информираат за проектите од преставници од Министерството за финансии, претставници од банките, од Катастар, како и да ја проследат презентацијата на понудата на државни плацеви во општината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.