Караванот Купи куќа за млади во Штип, Делчево и Кочани

Во рамки на караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ утре ќе се одржат презентации низ повеќе градови во Македонија.

Со почеток во 17 часот презентации ќе се одржат во Штип (Општина), Делчево, (Дом на култура-голема сала), Кочани (Општина).

Караванот е планирано да одржи презентации во вкупно 30 општини.

Следните презентации се во Куманово, Кратово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар, Кичево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Прилеп, Крушево, Македонски брод, Берово и Дебар.