Македонија

Караванот „Купи куќа, купи стан“ денеска во Прилеп

Караванот „Купи куќа, купи стан“ денеска во Прилеп

Карванот „Купи куќа, купи стан“, денеска ќе биде во Прилеп на кој Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании ќе одржат презентација на проектот.

Настанот, на кој присутните ќе може да се информираат како да аплицираат за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и плацеви за куќите ќе се одржи во Општината во 17 часот.

Карванот продолжува секоја недела во  различен град. Предвидено е да ги посети и Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.