Караванот „Купи куќа, купи стан“ во Битола

Во рамки на карванот „Купи куќа, купи стан“, Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании денеска ќе одржат презентација на проектот во Битола.

Настанот ќе се одржи во Центарот за култура каде што сите заинтересирани граѓани ќе можат да се информираат како да аплицираат за субвенциите, како и за локалната понуда на станови и куќи.

Карванот „Купи куќа, купи стан“ секоја недела продолжува во друг град. Ќе ги посети Прилеп, Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.