Македонија

Караванот на „Македонија вработува“ во Струга

Караванот на „Македонија вработува“ во Струга

Караванот на „Македонија вработува“ продолжува. Денес и утре Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе го презентира проектот „Македонија вработува“ во Струга.

Целта на овој проект е намалување на невработеноста во државата, креирање нови работни места и зголемување на животниот стандард на граѓаните.

Караванот на „Македонија вработува“ на обиколка низ државата

Со цел граѓаните и компаниите одблизу да се запознаат со можностите кои ги нуди проектот „Македонија вработува“, тимови на Агенцијата за вработување е во обиколка низ градовите во земјава.

Караванот на „Македонија вработува“ досега ги посети градовите Крушево, Прилеп, Тетово, Куманово, Штип, Скопје, Велес, Дојран, а на ред се летните туристички дестинации како Охрид и Струга.

Спасов: За неполни три месеци вработени 3.850 лица

Караванот на „Македонија вработува“ во Струга
Караванот на „Македонија вработува“ во Струга

За проектот „Македонија вработува“ во саботата говореше и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, одговарајќи на новинарски прашања за време на отворањето на нова детска градинка во Облешево.

За неполни три месеци проектот „Македонија вработува“ ги дава очекуваните резултати, во овој период вработени се 3.850 лица во Македонија, а во општина Кочани бројот на вработените преку овој проект е 256 лица. Станува збор за нови вработувања, и тоа претежно во компаниите поголемите инвеститори „Антура“ и „Амфенол“, но и во неколку помали странски компании  во општината, рече Спасов.

Нов проект за зголемување на вештините и способностите на невработените лица

Покрај тоа што говореше за првичните резултати од проектот „Македонија вработува“, министерот Спасов се осврна и на новите проекти, кои што, како што рече имаат за цел да им помогнат на невработените лица да ги зголемат нивните способности и вештините кои ги поседуваат, а со тоа ќе се зголеми нивната вработливост и можноста побрзо да стигнат до работно место.

За новиот проект на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување за обука на побарувани занимања на пазарот на трудот, Спасов истакна дека ќе се обучат 220 невработени, на механизацијата и машините кои функционираат во приватните компании, кои се подготвени да вработат обучени кадри.

– Со ова ќе се зголемат нивните способности и вештините  кои ги поседуваат, а со тоа ќе се зголеми нивната  вработливост и можноста побрзо да стигнат до работно место. За реализација на оваа мерка обезбедивме вкупно 12.000.000 денари, појасни Спасов.

 

За овој мега-проект за вработување повеќе информации на следниот линк.