Карбокситерапија – Подмладувачка метода во „Промоиталија“

Карбокситерапијата е медицинска процедура при која во кожата или поткожното ткиво се вбризгува медицински гас-јаглерод диоксид. Јаглерод диоксидот е гас кој природно се ослободува од нашиот организам во текот на процесот на дишењето и како таков не може да предизвика алергиски или било какви други несакани реакции. При лапароскопија се користат стотици пати поголеми дози од овој гас без никакви последици на организмот.

Карбокситерапијата на различни програми многу успешно се применува за редукција на стрии, стимулација на колаген и еластин, а со тоа и затегање на ткивото, осветлување и намалување на подочниците, како и редукција на локализираните масни наслаги и целулит.

До триесетите години снабдувањето на нашата кожа со кислород опаѓа за 25% а до 40. за 50% за сметка на адекватно снабдување на внатрешните органи со кислород. Во недостиг на кислород клетките на кожата потешко се обновуваат и имаат намалена функција на создавање на колаген и еластин,што доведува до губиток на тонусот на нашата кожа.

Дали карбокситерапијата е нова процедура?

carboxiterapia-para-la-celulitis

Оваа процедура се користи уште од 1930 година во француските бањи кога во базените се вбризгувал јаглерод диоксид како би се зголемила циркулацијата и би се забрзало зараснувањето на венските рани кај пациентите. Дваесет години подоцна, во 1950 година започнува примената на карбокситерапијата во кардиологијата со вбризгување на гасот директно во поткожното ткиво кај пациенти со проблематична циркулација и покачени масти во крвта. Со понатамошната примена приметено е дека кожата кај третираните пациенти значително се подобрува на местата каде е аплициран гасот. Така 1993 година карбокситерапијата станува една од основните процедури во естетската медицина.

Каков е принципот на третманот – карбокситерапија?

Со вбризгување на јаглерод диоксид во зоната под кожа се развива кисела средина која е сигнал на нашиот организам да обезбеди кислород и наталожи природни фактори на растење ( vascular endothelial growth factors ) на ткивото во третираната регија. Во тек на седум дена од третманот на местата на апликација постои зголемена природна дистрибуција на кислород, се создава потполно нова микроциркулација, се зголемува лимфна дренажа и на тој начин по природен пат се постигнува обновување на клетките на кожата.

Како изгледа третманот карбокситерапија?

1364972612_78e4_pВо текот на третманот,со помош на апаратот Pro2Son на PromoItalia се вбризгува точно определена количина на стерилен гас со најтенки игли во кожата или во масното ткиво,зависно од посакуваниот резултат. Пациентот во текот на третманот може да чувствува благ притисок 2-4 минути а третираното поле станува благо зацрвенето поради изненадно наталожениот кислород. Веќе после 5 минути по завршувањето на третманот аплицираниот CO2 нашиот организам во потполност го менува со кислород.

Веднаш после процедурата пациентите можат да се вратат на вообичаените активност и никакво опоравување не е потребно.

Колку третмани на карбокситерапија се доволни?

2017-04-18_13-59-42

Зависно од посакуваните резултати и третираните регии,обично е потребно 4-6 третмани на карбокситерапија и можат да се спроведуваат еднаш во 7 до 10 дена. Третманот карбокситерапија е кумулативен-секој следен третман го зголемува резултатот на претходниот.

За кои третмани се препорачува карбокситерапијата?

Темни подочници

Темни подочници кои се последица на ослабена циркулација или генетска предиспозиција. Со третманот крбокситерапија се подобрува циркулацијата и се намалува темната боја, а кај генетски предиспонирани особи присуството на кислород овозможува избелување на третираната регија. Ефектите од карбокситерапијата потребно е да се одржуваат еднаш до два пати годишно.

Целулит

Целулитот е најчесто е предизвикан од неадекватна лимфна дренажа и ослабена циркулација во ткивата на одредени регии. Карбокситерапијата ги решава двата проблеми а со подлабока апликација на CO2 се топат масните клетки и се обликува телото.

Стрии

Стриите настануваат со кинење на еластичните влакна на кожата. При третманот,со вбризгување на фасот се стимулира обновувањето на клетките и создавање на нов колаген и еластин, со кои се пополнува кожата на местата испукани од стрии.

Карбокситерапијата може да се комбинира со хемиски пилинзи,мезотерапија, PRP, апарати и/или ласер.

net
Олгица Стојимировиќ, сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia, Скопје

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.