Спорт

Кардиф посака што е можно поскромен пораз на Итихат

Кардиф посака што е можно поскромен пораз на Итихат

Новајлијата во елитното друштво, тимот на Кардиф, најверојатно ќе биде најновата жртва на моментално најрасположениот тим во англиската Премиер лига, Манчестер Сити.

Се освен убедлива победа на популарните “граѓани” ќе биде дефинирано како вистинска сензација.

На „Емирати” ќе се одигра градската пресметка помеѓу екипите на Арсенал и Фулам, а домаќиниот, кој е лидер на табелата важи за апсолутен фаворит.

„Точно дека имаме сериозни проблеми кога е во прашање здравствениот билтен. Го загубивме Волкот, Росицки не е подготвен за игра, а Подолски полека влагува во посакуваниот ритам. Сепак повредите не смеат да бидат некакво алиби. Ако ја сакаме шампионската титула, ние мора да играме на победа на секој натпревар, без разлика на противникот”, изјави менаџерот на “топчиите”, Арсен Венгер.

Денеска на програмата: Сандерленд – Саутемптон, Арсенал – Фулам, Кристал Палас – Стоук, Манчестер С. – Кардиф, Норвич – Хул, Вест Хем – Њукасл, Ливерпул – Астон Вила.