Свет

Карел Шварценберг го спореди Путин со Хитлер

Карел Шварценберг го спореди Путин со Хитлер

Поранешниот министер за надворешни работи на Чешка, Карел Шварценберг денеска го спореди рускиот претседател Владимир Путин со Адолф Хитлер, пренесе „АФП“.

„Она што се случува во Украина е повторување на историјата“, изјави Шварценберг, потсетувајќи на инвазијата на нацистичка Германија во Австрија, Чехословачка и Полска.

„Путин дејствува на ист принцип како Адолф Хитлер“, пресуди чешкиот дипломат.

Откако во саботата Горниот дом на рускиот Парламент го одобри барањето на Путин за воена интервенција во Украина, нерешавачката криза се појави како еден од најсериозните конфликти меѓу Западот и Москва од Втората светска војна па се до сега.