Карфиол салса верде

Состојки:

1 среднa глава карфиол, иситнета на мали цветчиња со големина на еден залак (околу 5 чаши)

6 лажици маслиново масло

3/4 лажичка сол

1/2 чаша свежи листови магдонос, ситно сечкани

1/4 чаша свежи перца од млад кромид ситно исецкани

1 лажица сув капар, ситно сецкан

1 лажичка сенф

Рендана кора од 1 лимон

1/4 лажичка свеж црн пипер

8 големи зелени маслинки, процедени и грубо исецкани

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 450 ф. На плех распоредете го карфиолот и ставете 2 големи лажици масло за јадење. Наросете половина лажица сол со превртување на парчињата карфиол. Печете во рерна додека карфиолот не добие златно кафена и нежна боја, или околу 15-тина минути. Пробајте дали се готови; на поголемите парчиња може да им биде потребно повеќе време за да бидат готови.
  2. Подготовка на салса верде: Во помал длабок сад ставете го магдоносот, перцата од кромид, капар, сенф, кора од лимон, пипер и околу ¼ лажица сол а потоа добро промешајте. Додадете уште 4 лажици маслиново масло и маслинки. (Салса верде може да се подготви еден ден однапред. Продготвена и прекриена се чува во ладилник до послужување).
  3. Ставете го карфиолот во чинија и налејте салса верде. Сервирајте го јадењето топло или на собна температура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.