Македонија,Економија

Каргов заминува од Царина, станува претседател на Инспекцискиот совет

Каргов заминува од Царина, станува претседател на Инспекцискиот совет

Ванчо Каргов не е веќе директор на Царинската управа на Република Македонија, објави „ТВ Алфа“. Тој самиот се пријавил на новиот распишан оглас и веќе е назначен за претседател на новоформираното тело – Инспекциски совет.

На местото на Каргов во Царинската управа доаѓа Наташа Радевска Крстевска, која досега работеше како раководител на секторот за второстепена управна постапка во Министерството за финансии.

Инспекцискиот совет беше најавен во септември како крупна реформа во работата на инспекциските служби. Ова тело треба да се грижи за квалитетот на работата на инспекциските служби.