Кари и „Вориорси“ ги уништија „Ракетите“

Кошаркарите на Голден Стејт стигнаа на чекор до пласман во големото финале во НБА лигата, откако поведоа со 3:0 во финалето на Западот против Хјустон.

„Вориорси“ по сигурните поведи во Оукленд, убедливо славеа и во првиот меч одигран во Хјустон со 115:80.

Апсолутен јунак на третата победа беше Стеф Кари кој за 35 минути на теренот запиша 40 поени, пет скокови и седум асистенции.

Исто така стана рекордер по уфрлени тројки во плеј-офот, бидејќи на мечот со „Ракетите“ стигна до 64 реализации од линијата за три поени.

Покрај Кари, расположени за игра беа Дени Грин и Клеј Томпсон кои уфрлија по 17 поени. Кај Хјустон Џејмс Харден имаше 17 поени, еден повеќе од Џош Смит, додека Двајт Хауард мечот го заврши со 14 поени и исто толку скокови.

Извор: Курир

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.