Спорт

Карим Бензема од јуни нов „светец” во Париз

Карим Бензема од јуни нов „светец” во Париз

Единствениот поквалитетен напаѓач во редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Карим Бензема, важи за најнова желба на предводникот на актуелниот шампион и лидер во фрацуската Прва лига, тимот на ПСЖ, Лорен Блан.

Голема е веројатноста дека најавениот трансфер ќе биде реализиран за време на летниот преоден рок, прво, поради ставот на раководните лица на Реал (М) кои не се задоволни од ефектот на Бензема и се убедени дека е потребен нов напаѓач од светска класа.

Ист проблем, но со ефектот на најскапата аквизиција во клупската историја, уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани, имаат раководните лица на ПСЖ, кои се во потрага по клуб кој ќе одвои најмалку 60 мил. евра за услугите на поранешниот напаѓач на Наполи.