Карл Билд: Настаните во Македонија се загрижувачки

Поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билд на својот твитер профил изрази загриженост за развојот на настаните во Македонија.

– Развојот на настаните во Македонија е многу загрижувачки. Земјата мора да се врати назад на патот на евроинтеграциите и да ги почитува договорите, вели Билд во твитот објавен синоќа на социјалната мрежа.

Билд важи за добар познавач на состојбите на Балканот. Беше специјален пратеник на ЕУ за поранешна Југославија, висок претставник на Унијата за БиХ, како и специјален пратеник на ОН за Балканот.