Свет

Карл Билд: Украина ја губи својата иднина

Карл Билд: Украина ја губи својата иднина

Министерот за надворешни работи на Шведска, Карл Билд, не се согласува со мислењето дека Европа ја губи Украина, пренесуваат локалните медиуми.

„Не станува збор за тоа дека Западот ја губи Украина, туку за тоа дека Украина ја губи својата иднина“, напишал Билд во својот профил на социјалната мрежа „Твитер“.

Претходно шведскиот министер го изрази своето мислење дека украинските власти ќе се обидат да ја зајакнат „репресијата“.