Карл Билт е уверен во договорот со Иран околу контролата на нуклеарната програма

Министерот за надворешни работи на Шведска, Карл Билт уверен е дека е можно да се постигне договор со Иран, околу нуклеарната програма и истакнува дека постои добра волја барем околу иранскиот режим.

Во интервју за виенскиот весник „Пресе’, на констатацијата дека Иран во минатото преговорите ги користеше за добивање на време, изјави дека се поставува прашањето зошто и Техеран треба да му верува на запад.

„Постои голема меѓусебна недоверба, што мора да биде надмината на двете страни. Пропуштивме неколку прилики посебно во 2003 година кога договорот беше на дофат, но и подоцна. Сега е присутно едно значајно отворање на привремен договор. Со добра волја на двете страни како предуслов, можеме да дојдеме до таен договор,“ уверен е Билт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.