Карл Билт, сепак, барал средба со претседателот Иванов

Со допис од 5 април годинава, делегацијата на тинк-тенк организацијата „Европскиот совет за надворешни односи“, а во чие својство како ко-претседавач е Карл Билт престојува во вторникот во Република Македонија, бара средба со Претседатечот Ѓорге Иванов.

sredba

 

Поранешниот шведски дипломат и премиер кој е во посета на нашата држава во својство на претставник на невладина организација, пред седиштето на СДСМ, во својата изјава за новинарите посочи дека наводно не побарал средба со Претседателот Иванов.

 

„Не знам, не сум побарал средба“, одговори Билт на новинарското прашање дали побарал средба со македонскиот претседател.

sredba-1

 

Претходно, Билт правдајќи се пред македонските новинари изјави дека негова примарна цел не била средба со претседателот Иванов, што е во тотална спротивност со дописот испратен до Кабинетот на Претседателот на Репиблика Македонија.

Од Кабинетот на Иванов потврдуваат дека до нив е пристигнат допис со барање за средба од страна на организацијата „Европскиот совет за надворешни односи“, и додаваат дека ставовите на Претседателот во однос на актуелната политичка состојба се јавно и јасно искажани во повеќе наврати.