Магазин

Карлеуша добила судски спор против, Дара Бубамара – ќе лапне и пари

Карлеуша добила судски спор против, Дара Бубамара – ќе лапне и пари

Српската трубо-фолк пејачка Јелена Карлеуша добила судски спор кој го водела против нејзината колешка од естрадата, Дара Бубамара, пишува денеска белградскиот весник „Ало“, пренесува Нетпрес.

Иако Карлеуша барала милионска оштета во спорот против Радојка Кесиќ алијас Дара Бубамара, сепак русокосата пејачка ќе треба да се задоволи само со износ од 100.000 српски динари (околу 10.000 евра). Според неа, со ваквата пресуда правдата била задоволена.

Информацијата за добиениот судски спор Карлеуша ја споделила на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, фалејќи се дека добила уште едно судење во своја корист

„Но, овие две пејачки ќе треба уште неколкупати да се видат во судница, така што ова не е крајот на нивната пресметка“, пишува весникот.

DB

Понатака во текстот се потсетува дека Јелена Карлеуша и Дара Бубамара, веќе извесно време, се препукуваат преку медиумите околу тоа која од нив две е погрда и која подобро пее. Весникот додава дека веќе неколку денови е „тивко, но по се изгледа дека следува бура“.