Карло Анчелоти типува на Баерн (М)

Предводникот на најтрофејниот клуб во шпанската Примера дивизион, Реал (М), Карло Анчелоти го дели мислењето на фудбалските фанови и на фудбалските стручњаци дека актуелниот бранител на тронот, германскиот гигант Баерн (М) со право важи за прв фаворит кога е во прашање победничкиот пехар во годинашното издание од Лигата на шампиони.

„Точно дека ние имаме мотив плус кога е во прашање Лигата на шампиони. Ние сме додатно мотивирани поради јубилејната десетта титула во ЛШ. Реал (М) има освоено девет титули и ќе дадеме се од себе, ќе направиме се што е во наша моќ за да ја освоиме јубилејната десетта титула во ЛШ. Кои се најголеми ривали на Реал (М)? Нема лесен противник, сите се тешки, сите се незгодни, нема слаб противник во 1/4 финалната рунда. Сепак, бранителот на тронот, тимот на Баерн (М) е најголем фаворит кога е во прашање победничкиот пехар”, изјави трофејниот италијански стручњак.