Свет

последното судење на „професионалниот револуционер“ Карлос „Шакалот“ повторно пред судот во Париз

Карлос „Шакалот“ повторно пред судот во Париз

Венецуелецот Илич Рамирез Санчез, попознат како Карлос Шакалот, иконата на антиимперијалистичкиот теророзам во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век, повторно се појави пред аполациониот суд во Париз каде што во понеделникот започна жалбената постапка за смртоносниот напад од 1974 година во француската престолнина.

„Шакал“ е осуден на доживотен затвор во март 2017 година бидејќи фрлил граната во голема стоковна куќа во Париз при што загинале две лица а 34 биле ранети. Насмеан, со побелена коса, во црн костум, ја подигнал десната тупаница влегувајќи во боксот за обвинети и испратил банкеж кон новинарите, пренесува агенцијата AFP.

„Јас сум професионален револуционер, револуцијата е моето занимање“, рекол истакнувајќи дека има „венецуелско и палестинско државјанство, а живее насекаде“.

Ова ќе биде негово последно судење. Со 68 години се појавува на две седмици пред апелациониот суд, составен исклучиво од професионални судии, задолжени за терористички злосторства.

Нападот во „Drugstore Publicis“ се случи на 15-ти септември 1974 година во парискиот кварт Сен-Жермен. Обвинението тврди дека нападот е смислен за да се олесни ослободувањето на Јапонец уапсен на аеродромот Орли, член на Јапонската црвена армија, огранок на Народниот фронт за ослободување на Палестина чијшто еден од водачите на вооружените ограноци во Европа станал Карлос. Гранатата фрлена во продавницата, според оваа теза, била начин на притисок кој Карлос го избрал да го забрза ослободувањето на јапонскиот револуционер.