Карлос Слим: Да се работи три дена во неделата за поквалитетен живот

Најбогатиот човек на светот, Мексиканецот Карлос Слим предложи радикална промена во начинот на работа, според која луѓето би работеле само три дена во неделата.

„Работјејќи три дена во неделата, ќе имаме време за опуштање и за квалитетен живот. Четири слободни денови неделно, би значеле осмислување на нови активности за разонода и трошење време“, истакнал мексиканскиот магнат.

Но, овој предлог има и еден недостаток – ако работната недела трае пократко, подоцна би оделе во пензија, па наместо на 60 и некоја, ќе се пензионираат на 70 и 75 години, појаснил 74-годишниот милијардер и филантроп.

Слим е извршен директор на телекомуникациската компанија „Телмекс“, која неодамна воведе договор за работа, според која работниците кои почнуваат да работата пред 20 години, ќе одат во пензија пред да наполнат 50 години, со опција да продолжат да работат и потоа со полна плата и работна недела од четири дена.