Свет

Карлос Слим го зголеми својот удел во Њујорк Тајмс

Карлос Слим го зголеми својот удел во Њујорк Тајмс

Мексикански милијардер Карлос Слим,  стана најголем индивидуален акционер во американски весник Њујотк Тајмс откако го искористи правото двојно да го зголеми својот удел во американскиот весник на 16,8 отсто.

Иако Слим стана најголем единечен акционер во весникот, контролата над весникот ќе остане во семејството Окс-Зулцбергер кои поседуваат акции со право на глас од класа Б. Акционерите со такви акции имаат право да определат 9 од вкупно 13 членови на Управниот одбор на компанијата, а акционерите со акции од класа А, како Слим – само четворица.

74-годишниот Слим, е втор најбогат човек во светот со богатство од 73 милијарди долари.