Карлос Тевез освои втора национална титула во иста година

Карлито Тевез оствари неверојатно достигнување - стана национален шампион во две држави за една година

На две кола пред крајот на сезоната, Бока има шест бода повеќе од второпласираниот Сан Лоренцо и уште синоќа ја прослави титулата на својот стадион.

Не мора да се кажува каква еуфорија владееше откако Монсон во 82-та минута го постигна единствениот гол. До крајот на мечот Бока ја задржа предноста за вистинска лудница низ улиците на Буенос Аирес.

Најсреќен од сите беше Карлос Тевез кој оваа година освои две национални шампионски титули: прво со Јувентус во италијанското првенство, а сега со Бока во Аргентина.

Освоив многу титули, но оваа е посебна. За ова се вратив и за ова се живее, навистина ми е тешко да зборувам, изјави Тевез.

Со 31 титули, Бока е втор најтрофеен клуб во аргентинското првенство. Повеќе има само градскиот ривал Ривер Плате – 36.