Карловиќ: Сервисот ми е најсилното оружје и се гордеам со него

Карловиќ е нов рекордер по бројот на постигнати асови

Новите 26 неодбранети сервис топки не му помогнаа на тенисерот да се пласира во третото коло на АТП турнирот во Пекинг, откако беше послаб од Уругваецот Пабло Куевас со 7:6 (5), 7:6 (7) по сетови.

Одлично е чувството. Свесен бев минатата година дека можам да го постигнам ова. Сервисот ми е најсилното оружје и се гордеам со него. Ова е големо достигнување за мене, но не запирам овде. Има уште многу години пред мене и се надевам дека бројот на асови ќе продолжи да се зголемува, изјави 36-годишниот тенисер по завршување на мечот.

Асовите почнаа да се бележат во 1991 година постигнати во рамки на сите АТП турнири, Гренд-слемови и Олимписки игри (од 2008 година па наваму).