Кармело Ентони “отиде преку” 20.000 поени

Синоќа во НБА лигата беа одиграни четири меча, а успехот беше половичен – две победи за домаќините, две за гостите.

Најинтересно беше на дуелот помеѓу ЛА Клиперс и Сакраменто Кингс, каде центарот на гостите, ДеМаркус Казинс беше играч на натпреварот со 34 поени и 17 скока, со што буквално ги разби “клиперси” за конечен триумф на неговиот тим со 98:92.

На дуелот каде Њујорк славеше против Шарлот со 96:93, Кармело Ентони успеа да ја мине границата од 20.000 постигнати поени. Со ова најдобриот играч во тимот од “Големото јаболко” и дефинитивно ќе биде запишан во историјата на НБА лигата.

Победа оствари и Мајами кој продолжува во одличен ритам, а блескаше Крис Бош со 21 поен, 11 скока и 4 асистенции. Двејн Вејд го следеше со 19 поени, 11 скока и 7 асистенции, додека Луол Денг со 18 поени покажа дека ќе биде солидна замена за Џејмс. На Торонто не му помогна ниту ДеРозан и неговите 30 поени.

На последниот натпревар кој беше одигран рано утринава Голден Стејт славеше на гостувањето кај Портланд со 90:95.

НБА РЕЗУЛТАТИ: ЛА Клиперс – Сакраменто 92:98, Мајами – Торонто 107:102, Њујорк Никс – Шарлот 96:93, Портланд – Голден стејт 90:95