„Кармен“ в среда во МОБ

Во Македонската опера и балет во среда, со почеток во 20 часот, во ќе биде изведена оперската претстава „Кармен“.

Ова популарно дело на Жорж Бизе изобилува со динамична музичка и драматуршка подлога, што ја плени публиката ширум светот.

Во главните улоги во среда ќе настапат Ирена Кавкалевска како Кармен, Дон Хозе ќе го толкува Зоран Сотиров, Тореадорот Ескамилио ќе го игра Ристе Велков, а Микаела ќе биде Олгица Милевска.

Режисер е Кузман Попов, од Бугарија, додека диригент, Бисера Чадловска.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.