„Кармина Бурана“ во МОБ за денот на вљубените

„Кармина Бурана“ во МОБ за денот на вљубените
„Кармина Бурана“ во МОБ за денот на вљубените

По повод денот на виното и вљубените, Македонската опера и балет на 13 февруари ќе ја изведе популарната кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. Режисер е Дејан Прошев, а диригент Иван Еминовиќ. Ќе настапат хорот и оркестарот на МОБ

Солисти се Нада Талевска-Спасовска (сопран), Игор Дурловски (контратенор) и Горан Начевски (баритон).

– „Кармина Бурана“ со пораката „Среќата да биде владетелка со светот“ со право ја нарекуваат кантата на 20 век. Овојпат „Кармина Бурана“ ќе има специјално режирана концертна изведба, соопшти МОБ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.