Кармина Бурана во петок и сабота во МОБ

Најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“, од германскиот композитор Карл Орф ќе биде изведена во петок и во сабота во Македонската опера и балет.

„Кармина Бурана“ е најпосетената претстава во минатата година на сцената на МОБ и со право ја нарекуваат „кантата на XX век“.

Нашата „Кармина Бурана“ е во кореографија и либрето на  Кан Арслан од Турција, диригент е Бисера Чадловска, а оперски солисти се: Наде Талевска (17.01), Катерина Стојановска (18.01), Цветан Стојановски и Дејан Стоев.

Балетски солисти се Марија Кичевска Шокаровска, Саша Евтимова, Наташа Јосифовска, Бобан Ковачевски, Игор Веланоски

Настапуваат балетскиот ансамбл, хорот и оркестарот на МОБ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.