Магазин

Каролина на Водици ќе пее во Охрид

Каролина на Водици ќе пее во Охрид

Годинава празничната програма во Охрид посветена на празникот Богојавление- Водици ќе биде распоредена во четири дена.

Во збогатувањето на туристичката понуда покрај традиционалната церемонија на фрлање на светиот крст во водите на охридското езеро и денот на рибарите, ќе бидат организирани и попратни забавни содржини. Општина Охрид ќе го помогне организаторот на манифестацијата Здружението Богојавление – Водици.

-Македонската поп ѕвезда Каролина Гочева ќе одржи солистички концерт во рамки на централната прослава посветена на празникот Богојавление- Водици во Охрид.  Каролина ќе изведе композиции од својот последен албум „Македонско девојче 2“, изјави раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолоски.

За празнувањата за Водици, 17 хотели креираа празнични аранжмани со попусти од 30 до 50 отсто. Спиење со доручек во зависност од категоријата на хотелот и дали сместувањето е во едно  и двокреветна соба ќе чини од 10 до 25 евра. Повеќе ресторани и угостителски објекти за време на богојавленските празнувања своите услуги ќе ги водат со попусти од околу 30 отсто.