Македонија

Каролина, Северина и Дејвид Моралес вечерва на плоштад „Пела“

Каролина, Северина и Дејвид Моралес вечерва на плоштад „Пела“
Каролина, Северина и Дејвид Моралес вечерва на плоштад „Пела“

По повод воведувањето на новиот бренд Телеком кој ги обедини „Т-хоме“ и „Т-мобиле“ вечерва пред Порта Македонија ќе биде организиран музички хепенинг на кој ќе настапат македонската музичка ѕвезда Каролина, хрватската поп пејачка Северина и ди – џејот Дејвид Моралес, кој е добитник на Греми наградата. северина

Каролина пред македонската публика ќе се претстави со нејзиниот проект „Македонско девојче“, а Северина ќе ги отпее нејзините познати хитови. Подоцна македонската публика ќе ја забавува ди-џеј Моралес, а водител на настанот ќе биде Сашко Коцев.

Претходно, напладне во паркот „Жена борец“ за најмладите ќе биде организирана детска програма со игри и забава.