Каролина запеа на својата свадба! (ФОТО)

Нашата поп пејачка Каролина Гочева вчера го кажа судбоносното „да“ со својот свршеник Михаил Корубин.

На гламурозната прослава во близина на Скопје, кај аеродромот Стенковец, Каролина блесна во венчаницата.

Иако на големо се шпекулираше за тоа кој ќе го креира фустанот, Каролина сепак се одлучи да носи венчаница од Италија. Пејачката во текот на вечерта се пресоблече и во кус бел фустан кој ја истакнува нејзината убава фигура.

И како што се очекуваше таа им се придружи на музичарите кои ги забавуваа гостите на свадбата и ја запеа „Dimonds in the sky“ од Sia.