Македонија

Карпести одрони го затрупаа патот кон Кожуф

Карпести одрони го затрупаа патот кон Кожуф

Вчерашните снежни врнежи на планината Кожуф ги донесоа старите маки, одроните на патиштата и непроодност за возилата, пишува порталот Гевгелија нет.

Карпестите одрони се толку големи што ни неколкумината планинари од Планинарското друштво „Кожуф“ не успеале да ги отстранат од патот. Со тоа делницата од Смрдлива Вода кон Кожуф остана непроодна за возилата со кои планинарите требаше да се упатат кон врвот Аџибарица.