Македонија

Карпош, Аеродром денеска без вода

Карпош, Аеродром денеска без вода

Карпош, Аеродром, Центар и Шуто Оризари се улиците каде поради дефект без вода ќе останат корисниците, соопштуваат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-80 милиметри на улица Брсјачка Буна ББ, Шуто Оризари од 10:00 часот па се до санирање на дефектот без водоснабдување ќе останат корисниците од истоимената улица.

Поради менување на вентил во шахта профил 2,5 цола на булевар Партизански Одреди бр.35 од 10:45 часот па се до менување на истиот без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од улицата Иван Милутиновиќ.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-80 милиметри на улица 1 бр.11 во с.Долно Лисиче од 11:00 часот па се до санирање на дефектот без водоснабдување ќе останат корисниците од истоименото населено место.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-100 и ф-200 милиметри на улица Козара раскрсница со улица Славе Деловски од 11:00 часот па се до санирање на дефектот без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од истоимените улици.