Карпош, Бутел, Чаир денеска без струја

Заради технички зафати во електро-системот денеска без електрична енергија ќе останат корисниците од село Сингилиќ и неколку улици во општините Карпош, Бутел, Чаир и Ѓорче Петров.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека дел од село Сингелиќ без струја ќе биде од 8:30 до 11:30 часот.

Од 8:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе биде улиците „Хо Ши Мин“ и „Душко Поповиќ“ во општина Бутел, а од 9 до 14 часот, корисниците од улица Стрезово во општина Карпош.

Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Стојна Стевкова“, „Коста Абрачевиќ“ и „Цветан Димов“ во општина Чаир, дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ТЦ Олимпико во Карпош и дел од улиците „Радушка“ и „Пролетерска“ во општина Ѓорче Петров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.