Македонија

Карпош, Центар, Студеничани утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека делови на Карпош, Центар, Студеничани, Батинци и населбата Бел Камен ќе останат утре, 11 јули, без електрично напојување.

Во општина Карпош во периодот од 18.30 до 21.30 часот, без електрична енергија ќе остане улицата Скупи, како и објектот Пауер.

Улиците Роса Плавева, дел од Ленинова, Ј.К.Џинот и 8-ми Март, без електрична енергија ќе останат во периодот од 8 до 11часот.

Од 07 до 12 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од Студеничани, како и улиците 6, 7 И 8 во Батници.

Жителите од населбата Бел Камен утре без електрично напојување ќе бидат во периодот од 9 до 14 часот.