Карпош денеска без вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека поради дефект без вода денеска во 10:45 часот останале неколку улици во населбата Тафталиџе, во општина Карпош.

Дефектот настанал на улицата Хелсинки бр.7б, а поради него, без вода ќе бидат и корисниците од улиците Варшавска, Виенска и Мексичка.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ во моментов работат на санација на дефектот.