Карпош, Гази Баба и Студеничани утре без струја

Поради изведување инвестициски зафати во електроенергетската мрежа утре без електрична енергија ќе бидат булеварот „Партизански одреди“ и улици во општините Гази Баба и Студеничани.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека од 8:30 до 14 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Ордан Чопела“, „147“ и „Јајце“.

Од 9 до 10 часот без струја ќе останат дел од селата Батинци, Горно и Долно Количани и Црвена Вода, а до 13 часот булеварот „Партизански одреди“.