Карпош, Ѓорче, Гази Баба утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Бутел, Сарај, Ѓорче Петров, Гази Баба и Петровец.

Ова е деталниот распоред каде ќе нема струја:

• Во време од 09.00-15.00 часот, корисниците од Бул.Метрополит Теодосиј Гологанов од бр.160 до бр.186. (Опш.Карпош)
• Од 09.00 до 12.00 часот корисниците од ул Букурешка.(опш Карпош)
• Во периодот од 08.30 до 11.00 часот, Унион Инвест, Топанско Поле (Опш.Бутел)
• Во време од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од с.Грчец ул бр. 1,2,3,4 и 5. (Опш.Сарај)
• Од 14.30 до 16.30 часот, корисниците од дел од ул Пеклање. (Опш.Ѓ.Петров)
• Во време од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од ул Перо Наков и улиците 519 , 511 и 1471. (Опш.Г.Баба)
• Во периодот од 08.00 до 16.00 часот, селата Горно, Средно и Долно Коњари, село Дивље, Сушица, Живиње и село Чифлик како и корисниците од Алма компани. (Опш.Петровец)
• Во време од 12.00 до 13.30 часот корисниците од село Горен Крушопек, Детско Одмаралиште Водно, Поштенско Одмаралиште Водно и село Горно Нерези (опш. Карпош)