Македонија

Карпош, Ѓорче, Шутка денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, информира дека заради технички зафати во електро-системот денеска од 7 до 13 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од село Студеничани.

Без електрича енергија од 08:00 до 09:00 часот ќе останат корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70б, од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улиците: Мара Мажуречка, Алпи, Ферид Бајрам и Христијан Тодоровски Карпош во општина Бутел, од 09:00 до 10:00 часот корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 101, од 09:00 до 13:00 часот корисниците од дел од ул. Прашка во општина Карпош, од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. Диме Мечето и ул. Волт Дизни во општина Шуто Оризари, дел од ул. Ѓорче Петров и корисниците од дел од село Грчец во општина Сарај.

Без електрична енергија од 9:30 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од дел ул. Скупиво општина Карпош и од 10:30 до 13:30 часот корисниците од дел од ул. Алекса Демниевски во општина Ѓорче Петров.