Карпош и Чаир утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека утре, вторник, без електрична енергија ќе останат дел од жителите на општините Карпош и Чаир.

Ова се улиците и временските периоди каде ќе нема струја:

• во време од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од ул. Цветан Димов кон Јаја Паша (општина Чаир)
• во време од 11:00 – 15:00 часот, корисниците од ул.Дрезденска (општина Карпош)
• 08:30-14:30 часот, корисниците од улиците: Ферид Заири, Браќа Реџепагиќ, Љубо Стоилковиќ, (општина Чаир)
• 09:00- 15:00 часот, корисниците од ул.Скупи, стариот пат за с.Визбегово (општина Карпош)