Македонија

Карпош, Шутка, Ѓорче и Бутел утре без струја

Карпош, Шутка, Ѓорче и Бутел утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека утре, вторник, без електрично напојување ќе останат делови на повеќе скопски општини меѓу кои и Карпош, Шуро Оризари и Бутел.

Во општина Карпош без електрична енергија во периодот од 10:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците од ул. Алжирска бр. 18, а во периодот од 12:00 до 13:30 часот корисниците од ул. Ловќенска од бр. 25 до бр. 37б.

Корисниците од улицата Радушка до пазарот во Ѓорче од општина Ѓорче Петров, без струја ќе останат од 09:00 до 15:00 часот, а во истиот период без струја ќе бидат и жителите од улиците Диме Мечето и Волт Дизни во општина Шуто Оризари.

Од 09:00 до 11:00 часот без електрично напојување ќе бидат корисниците од дел од с. Горњане во општина Чучер – Сандево, а од 08:30 до 15:00 часот корисниците од улиците Христијан Тодоровски Карпош, Ферид Бајрам, Алпи и Мара Маждуречка во општина Бутел.