Карпош, Шутка, Сарај утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека утре, 8 јули, без електрична енергија ќе останат делови на Карпош, Шуто Оризари, Сарај и Чучер Сандево.

Според РЦУК, вопериодот од 08:30 до 11:30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Прашка бр.13. во општина Карпош.

Во периодот од 9 до 15 часот во општините Чучер Сандево и Шуто Оризари без струја ќе бидат корисниците од ул. 1 во село Мирковци и улиците Волт Дизни и Диме Мечето.

Без струја и во периодот од 10:30 до 14:30 часот, ќе бидат дел од корисниците од село Љубин, како и објектите на месарницата Вилан и фабриката Ука во општина Сарај.